Достапни линкови

Хеликоптер на НАТО се урнал во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека хеликоптер на НАТО денеска се урнал во провинцијата Мејдан Вардак, југозападно од Кабул. Засега нема извештаи за бројот на жртвите. Се прецизира дека до несреќата дошло во моментот на слетувањето на два турски хеликоптера во еден камп на НАТО. Хеликоптерите доаѓале од таканеречената Женска градина во градот Вардак. Станува збор за градина каде што влез им е дозволен само на жените на кои, во конзервативното исламско општество, таму им е дадена можност да се појавуваат без бурки.
XS
SM
MD
LG