Достапни линкови

logo-print

Наскоро датум на самитот ЕУ, Западен Балкан


Средбата на врвот меѓу Европската унија и државите на Западен Балкан, што ја подготвува шпанското претседателство на Унијата, треба да ги вклучи сите фактори со уважување на меѓунордното право и на сите чувствителни прашања. Ова синоќа во Брисел го изјави шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос, додавајќи дека наскоро ќе биде утврден и точниот датум на собирот. Според првичните најави, самитот би требало да се одржи во Сараево кон крајот на мај или во почетокот на јуни годинава. Моратинос оцени дека саботната конференција за Западен Балкан на Брдо кај Крањ и покрај не учеството на сите страни била добра можност за размена на мислења и предлози.
XS
SM
MD
LG