Достапни линкови

logo-print

Корупција меѓу поранешни британски министри?


Тројца поранешни британски министри се суспендирани од владејачката Лабуристичка партија, откако беа тајно снимени како се договараат да земат пари во замена за политичка противуслуга.
Една британска телевизија емитуваше снимки на кои се гледа како поранешниот министер за одбрана Џеф Хун, поранешниот министер за транспорт Стефан Бирс и поранешната секретарка за здравство Патриција Хјуит, се договараат за лобирање со лажни претставници на американска фирма. Поранешните функционери барале од 3 до 7,5 илјади фунти дневно за нивната услуга.
Тие негираат дека направиле нешто незаконско.
XS
SM
MD
LG