Достапни линкови

logo-print

Сирија подогтвена да посредува меѓу Турција и Ерменија


Сирискиот претседател Башар Ал Асад понуди да помогне во подобрување на ерменско-турските односи, заради постигнување регионална безбедност и стабилност. На заедничката пресконференција со ерменскиот претседател Серж Саркасјан, Ал Асад рече дека Сирија е подготвена „да одигра улога“ во преговорите меѓу Ерменија и Турција.
Саркасјан, пак, рече дека неговата земја е за мирно решение и дијалог, но дека не може да ја заборави историјата.
Официјален Ереван тврди дека Отоманската империја извршила геноцид врз Ерменците во Првата светска војна, убивајќи 1,5 милиони луѓе. Турција го негира тоа.
Во октомври, Анкара и Ереван почнаа преговори за воспоставување дипломатски односи и за отворање на меѓусебната граница.
XS
SM
MD
LG