Достапни линкови

Тренинг за прва помош во Куманово


Во рамките на проектот на мрежно поврзување на полето на прва помош, Црвениот крст од Куманово спроведе обука за пружање на прва помош во случај на предозираност од дрога или епилептичен напад.

Во рамките на проектот на мрежно поврзување на полето на прва помош од предозираност и епилептични напади на луѓето, Црвениот крст од Куманово во соработка со Центарот за ресоцијализација на наркозависниците на метадонска терапија, ги едуцираше заинтересираните за укажување прва помош. Ова е прво предавање од ваков вид,кое според органзиторите може да им помогне на загрозените од овие болести. Ива Младеновска од Црвениот крст смета дека корисниците на дрога се избрани:
Корисно е и треба да има повеќе.

,,Бидејќи се изложени на ризик.“

Едукацијата им била овозможена не само на корисниците на метадонската терапија, туку и на нивните членови на семејства и на родителите чии што деца се задлабени во овој порок. Во Центарот за ресоцијализација во Куманово, 26 корисници на метадонска терапија дневно престојуваат во работните денови од седмицата. Затоа Фросина Цветковска социјален работник вели:
Не дај Боже да има потреба. Мислам дека сега сум уште поспремен и можам да помогнам доколку дојде до тоа ќе знам како да помогнам

,,Бидејќи секојдневно се среќаваат, некој близок пријател да биде предозиран и треба да знаат како да му помогнат.“

Корисниците на метадонската терапија велат дека ова е прва едукација и според нив:

,,Корисно е и треба да има повеќе.“

,,Не дај Боже да има потреба. Мислам дека сега сум уште поспремен и можам да помогнам доколку дојде до тоа ќе знам како да помогнам.“

Во Куманово, бројот на корисниците на дрога и други психотропни супстанции е непознат. Се претпоставува дека ги има најмалку 3 илјади, а веќе 50-ина ги загубија своите животи од предозираност или од земање нечиста дрога. Наркозависниците најчесто се идентификуваат кога ќе извршат некое криминално дело или според тоа колку побарале лекарска помош. Но, второто не може да се смета за точно, оти дел од наркозависниците се лекуваат во Скопје.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG