Достапни линкови

Буш и Клинтон го посетија Хаити


Поранешните американски претседатели Џорџ Буш и Бил Клинтон го посетија денеска разурнатиот Хаити. По состанокот со претседателот на Хаити, Рене Превал, Буш и Клинтон ги посетија шаторските логори каде се сместени над 60 илјади луѓе кои по земјотересот останаа бездомници. Целта на посетата на поранешните американски претседатели е да се привлече светското внимание и да се укаже на потребата од помош на конференцијата на Обединетите Нации која ќе се одржи на 31 март.
XS
SM
MD
LG