Достапни линкови

Фајон: Нема причина за одложување на безвизниот режим за Албанија


Албанија оствари голем напредок во исполнувањето на условите за укинување на визите за шенгенското пространство и доколку оценката на експертите биде позитивна, нема никакви причини за одложување на безвизниот режим. Ваква оценка денеска во Тирана даде известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација за Западен Балкан, Тања Фајон по нејзините дводневни разговори со претставници на властите.
XS
SM
MD
LG