Достапни линкови

Турската Влада не се договори со опозицијата за уставни измени


Шефот на турскиот Врховен суд, судијата Хасан Герчекер денеска изјави дека владиниот пакет за уставните измени нема да го направи судството независно туку само ќе му ја намали моќта. Владеачката партија денеска побара поддршка од опозицијата потенцирајќи дека уставните измени ќе ги зајакнат турските позиции во приближувањето кон Европска Унија и ќе ги задоволат европските законодавни критериуми. Опозицијата и власта денеска не постигнаа договор за поддршка за измените.
XS
SM
MD
LG