Достапни линкови

Турската Влада бара помош од опозицијата за уставни измени


Турскиот вицепремиер Џемил Чичек изјави дека Владата денеска ќе побара поддршка од опозициските партии за измени на неколку членови од Уставот. Тој додаде дека измените ќе го направатат уставот подемократски и ќе ги зајакне позициите на земјата за приклучување во Европската Унија. Пакетот вклучува мерки кои ќе го намалат влијанието на државата врз забраната за работење на политички партии и реформи во начинот на кој се бираат судиите и обвинителите.


XS
SM
MD
LG