Достапни линкови

logo-print

Клинтон: САД ќе го спречи Иран да набави нуклеарно оружје


Соединетите Американски Држави се одлучни да го спречат Иран да набави нуклерано оружје. Овој став е дел од говорот на државниот секреатар Хилари Клинтон кој ќе го одржи на американско- израелскиот комитет за јавни работи. Во говорот објавен од Стејт Департментот е наведено дека иранските лидери мора да бидат свесни за „последиците“ поради тоа што не доставиле докази дека сака да ја користи нуклеарната програма за цивилни цели. Клинтон во својот говор оценува дека терористите би можеле да со охрабрат од иранското нуклеарно вооружување па со тоа да се дестабилирира Блискиот Исток. Таа додава дека таквото нешто не е прифатливо за Соединетите Држави , за Израел и за меѓународната заедница и дека американската администрација ќе биде посветена на безбедноста и иднината на Израел.


XS
SM
MD
LG