Достапни линкови

Кацин: Спорот со името не треба да влијае на евроинтеграцијата на Македонија


Словенечкиот европратеник Јелко Кацин денеска во Брисел изјави дека спорот со името е билатерално прашање што не треба да влијае на евроинтеграцијата на Македонија. Тој додаде дека тоа е официјален став на Брисел и оти се бараат решенија за блокадата од Грција за датум за преговори за Македонија. Кацин истакна дека треба да се искористи приликата кога на Исланд ќе му се даде датум , да се реши и овој долго блокиран проблем и двете земји да почнат преговори.


XS
SM
MD
LG