Достапни линкови

Пратенички прашања


Власта одбегнува да одговори на прашањата на опозицијата во собраниската сала
Власта одбегнува да одговори на прашањата на опозицијата во собраниската сала

Секој последен четврток во месецот пратениците имаат можност да поставуваат пратенички прашања. Сите координатори на пратеничките групи имаат забелешки на почитувањето на законскиот рок од 20 дена за добивање одговори во писмена форма.

Секој последен четврток во месецот пратениците им поставуваат прашања на министрите. Ниту прашањата се суштински ниту одговорите се конкретни. Ваков впечаток се стекнува од одговорите на пратениците во зависност дали се од власта или од опозицијата.
Имам поставено прашање коешто веќе и самата сум си го заборавила, пред шест – седум месеци. Воопшто немам одговор
Но сите координатори на пратеничките групи имаат забелешки во однос на пратеничките прашања кои се однесуваат во писмена форма дека владата и институциите треба да достават одговори во законскиот рок од 20 дена од денот кога е доставено прашањето.

„Во овој дел сите имаме забелешки дека треба да ни се одговори што побргу“,

На оваа тема било разговарано неколку пати и на координациите на претеничките групи што се одржуваат секој понеделник во Собранието. Според забелешките на некои пратеници се случува по неколку месеци да не се добие одговор на пратеничко прашање со што се губи и смислата на одговорот. Формално ни е дадено некое право кое не користи за ништо остра е Цветанка Иванова од СДСМ

„Имам поставено прашање коешто веќе и самата сум си го заборавила, пред шест – седум месеци. Воопшто немам одговор.“

Пратениците не доставуваат само прашања на владата и на министрите туку поставуваат прашања и на други институции и орагани на државната администрација така што одговорност имаат и институциите. Како парламент ние треба да побараме институциите и влсата да бида поажурни вели Андреј Жерновски од ЛДП.
Класично се злоупотребува деловникот на Собранието на Република Македонија, затоа што таму пишува дека писмен одговор се дава во исклучителни ситуации.


„Класично се злоупотребува деловникот на Собранието на Република Македонија, затоа што таму пишува дека писмен одговор се дава во исклучителни ситуации. Но, кај нас има пракса дека кога се поставуваат договорени прашања од парламентарците од парламентарното мнозинство тогаш одеднаш министрите се знаат, но кога доаѓа редот за прашањата на опозицијата тогаш стандарден одговор е – ќе ви одговориме писмено.“

Пратениците од опозицијата не се задоволни ниту од можноста да и поставуваат прашања на владата на седница во парламентот. Или опозицијата не знае да прашува или владата не сака прецизно да одговори, вели Тахир Хани од ДУИ.

„Тоа е во зависност од позиција – опозиција, кој колку е задоволен од одговорите на владата.“

Опозицијата се жели на рестриктивниот деливник кој не им дозволува да го искористат на подобар начин резервираното време за пратенички прашања. Поради скратеното време не се стигнува да се постават ниту сите прашања, коментира Иванова:

„Нашите прашања се ограничени според Деловникот, а нивните одговори не се.“

Впечатокот е дека или министрите даваат штури одговори или пратениците не успеваат да им постават конкретни прашања или ги повикуваат пратениците да им се обратат писимено. Неколку пати се покренува темата со која се укажува дека се злоупотребува деловникот кој беше усвоен без опозицијата. Во него не е ограничено колку министер може да одговара. Така министер ако сака може да зборува на седницата од почеток до крај. Што понатаму може да се зборува, прашува Жерновски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG