Достапни линкови

Баросо - Координиран систем за помош на Грција


Финансиските проблеми на Грција треба да се решаваат врз основа на постоечките закони во Европската унија, за да се гарантира стабилноста на еврозоната, изјави Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.
Во интервју за „Ханделсблат“, Барозо предлага систем од координирани кредити за Грција, и под строги услови.
Тој повторно повика да биде создаден „европски инструмент за координирана помош“ за Грција и порача дека на средбата на самитот на 25 и 26 март во Брисел треба да биде донесена одлука. Да продолжиме како досега е невозможно, бидејќи тоа би ја загрозило стабилноста на еврозоната и би придонело за шпекулации, предупреди Барозо.
XS
SM
MD
LG