Достапни линкови

880 милиони луѓе во светот без пристап до чиста вода


Црвениот крст соопшти дека околу 880 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, додека 2,7 милијарди немаат соодветни санитарни услови. Одбележувајки го Светскиот ден на водата, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопштија дека климатските промени, брзата и непланирана урбанизација и миграцијата имаат се повеќе негативен ефект врз најсиромашните заедници во светот.
Се наведува дека 50 насто од сите болнички кревети во земјите во развој биле користени од страна на пациентите кои страдаат од последиците на небезбедна вода и санитарни услови.
XS
SM
MD
LG