Достапни линкови

Турција и Бугарија во стратегиско партнерство


Турција и Бугарија ќе создадат Совет за стратегиска соработка, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу за весникот „Заман“. Најавата на Давутоглу доаѓа по неговата дводневна посета на Бугарија. Вакви совети за стратегиска соработка Турција досега има создадено со Ирак и со Сирија, а Анкара предлага ваков механизам за соработка и со Грција и Русија.
XS
SM
MD
LG