Достапни линкови

logo-print

Мировни преговори со Хезб и Ислами во Кабул


Делегација на една од главните бунтовнички групи во Авганистан пристигна во Кабул на мировни преговори. Станува збор за Хезб и Ислами предводена од бившиот премиер Кутбудин Хелал, кој е заменик на лидерот на групата Гулбудин Хикматјар. Оваа група се бори против НАТО и владата во Кабул на истокот и на делови на северот на земјата. По судирите со талибанците околу контрола на селата на северот на земјата Хезб и Ислами се согласи да ја подржи владата.
XS
SM
MD
LG