Достапни линкови

Здравствени реформи на Обама ќе бидат усвоени?


Американската демократска партија денеска соопшти дека имаат доволно гласови во Претставничкиот Дом за да се изгласа предлог законот на претседателот Барак Обама за здравствените реформи. Републиканците на оваа изјава изразија сомнеж дека демократите ќе успеат да соберат 216 гласови колку што е потребно за да поминат овие реформи во Конгресот. Републиканците соопштија дека ќе ги употребат сите расположливи средства за да го блокираат донесувањето на законот. Здравствените осигурителни компании се противат на донесувањето на овој закон.
XS
SM
MD
LG