Достапни линкови

Жените во Јемен бараат да се дозволат малолетнички бракови


Илјадници мулсиманки денеска излегоа да протестираат пред парламентот во Јемен против одлуката да се забрани склучување брак со девојки помлади од 17 години. Демонстранките носеле транспаренти на кои пишувало „не го забранувајте она што Алах го дозволил“, пренесуваат новинските агенции. Малолетничките бракови во таа земја се честа појава и голем дел од муслиманското население се спротивставува на таквата забрана пренесуваат агенциите.
Минатата година, 12-годишно девојче од Јемен почина за време на породувањето заедно со бебето. Овој случај наиде на остра меѓународна осуда.
XS
SM
MD
LG