Достапни линкови

Убиства ги зголемуваат тензиите на Блискиот Исток


Двајца Палестинци се убиени при обид да нападнат со нож израелски војници во близина на градот Наблус на Западниот брег, пренесуваат новинските агенции. Во изминатиов викенд вкупно 4 -ца Палестинци се убиени и тоа се први жртви во регионот по судирите со израелските безбедносни сили од почетокот на месецов. Потпаролот на палестинскиот претседател, Набул Абу Рудеина го осуди инцидентот и изјави дека Израел возвраќа на дипломатија со убиства.
XS
SM
MD
LG