Достапни линкови

Ирачката изборна комисија го одби Малики


Ирачката изборна комисија го одби барањето на актуелниот премиер Нури ал Малики да ги изброи уште еднаш гласачките ливчиња од парламентарните избори. Шефот на комисијата, Фарај ал Хаидари изјави денеска дека повторното броење ќе трае многу долго, и ако постои сомнеж дека некаде е направена грешка може да се побара да се пребројат гласовите во одделни региони но не и ливчињата од сите гласачи во Ирак.
XS
SM
MD
LG