Достапни линкови

Радио и весник на македонски јазик во Грција


Отворање на радиопрограма на македонски јазик, издавање на печатен весник и низа други културни настани во Грција најави членот на партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“, Димитри Јоану. Тој во својот говор пред Комитетот за човекови права во Мелбурн изјави дека на 1 мај партијата "Виножито" ќе издаде весник со над 20 000 примероци. Весникот ќе биде двојазичен а поголемиот дел ќе биде на грчки јазик.
XS
SM
MD
LG