Достапни линкови

Малики бара пребројување на гласовите по пресвртот


Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска побара од изборната комисија повторно да ги изброи гласачките ливчиња од парламентарните избори што се одржаа на 7-ми март. Според последните изборни резултати коалицијата на поранешниот премиер Ијад Алави е во мало водство пред партијата на Малики.Со последниот пресврт Алави доби водство од 8 илјади гласови. До сега се изброени 93 проценти од гласовите. По тесната парламентарна трка се очекува Малики и Алави да преговараат за формирање на коалициона влада.
XS
SM
MD
LG