Достапни линкови

Џеват Адеми, претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците


Џевад Адеми

Џевад Адеми

Со сета добра волја, не држи аргументацијата дека кворумот го загрозуваат пратениците од помалите етнички заедници, бидејќи тие тоа ниту со бројот неможат да го прават. Така што, седницата за проектот „Скопје 2014“ пропадна поради фактот што од седумте члена Македонци, присутни беа само тројца, четворица не беа, а сите четворица се од ВМРО ДПМНЕ.

Г-дине Адеми колку долго не успеа да се оддржи седница на Комитетот?

За жал доста долго. Имам четири една подруга седница не завршени, една незапочната, од една единствена причина, немање на кворум. Значи незавршени ми се шестата, седмата и осмата седница, а незапочната ми е деветта. Така што немањето на кворум за исполнување на законската обврска од две третини присутни членови на Комитетот, прераснува во политички проблем. Велам политички проблем, затоа што причината не е недоаѓање на членовите, не е отсуство, туку определбата во Комитетот да не се отвараат некои теми кои што би паднале во квалификацијата жешки.



Кој ви ја блокира работата, со оглед на тоа што вие изразивте сомнеж кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ меѓутоа тие ја префрлија вината кој пратениците од помалите заедници. Кој мислите дека стои зад таа одлука?

Кворумот во Комитетот може да го загрозат само пратениците Албанци и Македонци, затоа што Комитетот е единствено тело каде што Македонците и Албанците се со ист број. Како што знаете Комитетот брои 19 члена, и пет се од останатите помали заедници набројани во Преамбулата на Уставот. Турскиот пратеник, Србинот, Влаинка, Ромот и Бошњакот. Со сета добра воља не држи аругментацијата дека кворумот го загрозуваат пратениците од помалите етнички заедници, бидејќи тие тоа ниту со бројот неможат да го прават. Така што, деветата седница за проектот ,,Скопје 2014„ пропадна поради фактот што од седумте члена Македонци, присутни беа само тројца, четворица не беа, а сите четворица се од ВМРО ДПМНЕ.

Дали оваа блокада сега во Комитетот ви претставува некаков индикатор за односите во коалицијата?

Пред се би ја сметал како индикатор за односите меѓу двете заедници, Албанската и Македонската, не како индикатор за односите меѓу коалиционите партнери. Случувањата во Комитетот, за што и јас лично се изненадив, имаа голем одзив и кај граѓаните, на средбите што во меѓувреме ги имав не само со гласачкото тело, туку и со граѓаните, новинарите, аналитичарите, пријатно се изненадив колку се информирани, колку се упатени и колку се заинтересирани, случувањата во Комитетот да се надминат и тој да профункционира, бидејќи е еден вид гарант дека во Македонија нема мајоризација, нема надгласување, нема блокаде, дека во Македонија може да профункционираат и различните нешта за кои нели немора секогаш да се согласуваме.

Меѓутоа вие секогаш ги оценувате како добри односите во коалицијата. Ме интересира на кое ниво се хармонизираат тие односи?

Јас некомуницирам со партиските челници и со координаторите на пратеничките групи, јас комуницирам со членовите на Комитетот. Друго е што овој или оној член може да потклекне под влијание на партиски став, тоа е многу лична одговорност и негова одговорност како припадник на заедницата чиј претставник е во Комитетот. Така што јас правам напори да ги надминам овие политикански вметнувања во Комитетот. Разговарав со сите членови во Комитетот, со исклучок на г-динот Стоиљковиќ кој е цело време недостапен. Од никого не успеав да разберам од кои причини не бил присутен. После контактите што ги имав со меѓународните претставници во Скопје, мислам дека сум на добар пат да ги надминеме овие работи и Комитетот ќе се деблокира, Комитетот ќе почне да функционира нормално затоа што е во наш заеднички интерес и на заедниците кои се застапени во Комитетот и на институциите.

По ваше гледање сите овие случувања имаа ли влијание врз подигање на тензиите на меѓупартиско ниво во мнозинството и на меѓуетничко ниво?

Недоразбирања да, но тензии, не би сакал баш така да ги квалификувам. Зошто во Комитетот да не се расправа за проектот ,,Скопје 2014„ да се одредува како ќе личи строгиот центар на главниот град, како ќе се изведе да се изведе нов објект на темелите на верски објект, во конкретниот случај какви импликации ќе има тоа врз меѓунационалните односи, изградбата на градска куќа врз темелите на Бурманли Џамијата? Какви импликации може да има фактот што на темелите на куќата каде што се родила Мајка Тереза ќе се изгради нов објект, па било тоа да биде и црква? Односно како ќе се одрази тоа што на плоштадот кој е на сите граѓани би можело, зборувам хипотетички, би можело да се изгради црква, а не и џамија. Се разбира дека ова има импликации врз чувствата и врз односите меѓу различните заедници, етнички и верски. Токму од овие причини јас се залагав, и продолжувам да инсистирам во Собранието, во Комитетот, во Градскиот Совет, во општинските Совети, да се разбира за овие теми, зошто да не... Со дебати, со разговори може само да ги разјасниме позициите, да ги разјасниме дилемите, да ги елиминираме евентуалните недоразбирања и шпекулации.

Ова сегашно искуство со работата на Комитетот го наметнува прашањето за механизмите. Имате ли вие механизми да ја одблокирате работата на Комитетот?

Механизам освен, свеста и совеста, одговорноста и заложбата на секој член на Комитетот да ги застапува, пренесува, да ги брани, да ги унапредува интересите на заедницата од која тој доаѓа. Хармонијата, разбирањето и внатрешната кохезија во општеството, не само во неговата заедница туку меѓу сите нас, за жал нема. Можеби е добро што нема казнени одредби за претставниците на заедниците во Комитетот бидејќи така ќе доаѓа до одраз и одговорноста и моралните одговорности и посветеноста на било кој и да е член на Комитетот од било која заедница да доаѓа.

Вие се обративте и до меѓународните претставници во земјава, до амбасадорите Хереро и Фуере, па какви се резултатите од овие средби?

За мене е од особено значење, дека на последната средба која трите амбасадори вклучувајќи го тука и премиерот и вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, дека станува збор за случувањата во Комитетот и укажувањето дека Комитетот не смее да се доведе под знак на прашање на ситни калкулантства и ситни математики и меѓу коалиционите партнери и меѓу другите партии. Сметам дека после оваа серија средби и контакти и амбасадорот Хереро и амбасадорот Фуере и претставниците на Американската амбасада укажаа на важноста, односно огромната улога која Комитетот може да ја одигра и фактот дека тој е обврска, директна обврска која извира од Охридскиот Рамковен договор. Односот кон Комитетот, односот кон компетенциите на Комитетот, односот кон опсегот на ангажманите на Комитетот, директно ќе го рефлектира односот кон Рамковен договор, односот кон обврските што произлегуваат од Рамковниот договор, односот кон духот на Охридскиот Рамковен договор, како наша најголема вредност, како нов почеток, нов имиџ, ново лице на Македонија и наша најсигурна карта за евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG