Достапни линкови

logo-print

Груевски:Решението за спорот со името треба да биде прифатливо за двата народа


Македонија е заинтересира за решавање на спорот за името со Грција, можеби и многу повеќе отколку Грција, затоа што Грција е внатре во ЕУ и на НАТО, а ние не сме, но тоа решение треба да биде прифатливо за двата народа. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски денеска по регионалната конференција во Брдо кај Крањ. Тој додаде дека решението не треба да создаде нови крупни проблеми кои што може да ја влошат севкупната атмосфера. Груевски истакна дека со решение на спорот со името ќе се деблокираат процесите за евроинтеграција на Македонија.



XS
SM
MD
LG