Достапни линкови

Пахор: Историските ривалства не се единствената пречка


Словенскиот премиер Борут Пахор по регионалната конференција во Брдо кај Крањ изјави денеска дека историските ривалства и комплексноста на Балканот не се единствена пречка туку улога игра и поделеноста на ЕУ во однос на регионот и особено во однос на Косово. Тој додаде дека Европската Унија ги потценува можностите што регионот може да и ги даде на Европа и на Европската Унија. Похор истакна дека нема да биде прв пат Европската унија да не успее да види дека ова е пресвртна точка за регионоткако што вели тој гледаат само на проблемите, се плашат и бегаат пропуштајќи ги можностите што ги нуди регионот. Со заедничка декларација лидерите ја поврдија нивната заложба да се приклучат кон Унијата и дека ќе ги кординираат регионалните активности од област на транспортот и енергетската инфраструктура.
XS
SM
MD
LG