Достапни линкови

Филе:Регионалната конференција значи чекор напред


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Брдо кај Крањ изјави дека регионалната конференција е чекор напред во соработката на земјите од Западен Балкан. Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека оваа конференција е можност лидерите да ја искажат својата визија за мир и стабилност во регионот и европска интеграција.Албанскиот премеир Сали Бериша изрази жалење што српскиот претседател не присуствува на конференцијата. Покрај премиерите на Словенија и на Хрватска, како коорганизатори, на конференцијата учествуваат и премиерите на Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово.
XS
SM
MD
LG