Достапни линкови

Обама повторно му понуди дијалог на Иран


Американскиот претседател Барак Обама ја обнови понудата до Иран за дијалог и за надминување на кризата со нуклеарната програма на Техеран низ преговори. Во видео обраќањето по повод Норуз, нова година според иранскиот календар, Обама истакна дека Соединетите Држави сакаат да им помагаат на иранците и покрај разликите меѓу двете влади. Истовремено, Обама повтори дека Вашингтон работи со меѓународната заедница на усвојување нов пакет санкции против Иран поради одбивањето да ги замрзне нуклеарните активности.
XS
SM
MD
LG