Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Западниот Брег


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун денеска на Западниот Брег се запозна со изградбата на израелските доселенички населби. Во негова придружба беше палестинскиот премиер Салам Фајад. Бан Ки Мун денеска е во посета на регионот, еден ден откако квартетот за Блискиот Исток, Соединетите Држави, Русија, Европската Унија и Обединетите Нации, повика на директни преговори меѓу израелците и палестинците. Од Израел беше побарано и да ја запре изградбата на доселеничките населби. Палестинците ги поздравија овие ставови, а израелската влада не ги коментираше.
XS
SM
MD
LG