Достапни линкови

Деблокирана работата на Комитетот за односи меѓу заедниците


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Денеска заседаваше Комитетот за односи меѓу заедниците по неколку неодржани седници поради немање кворум. Се расправаше за извештајот на Народниот правобранител, за правична застапеност и недискриминација, но не и за проектот „Скопје 2014“ и македонскиот јазик за првачињата Албанци.

Денешното одблокирање на работата на комитетот за односи меѓу заедниците покажа дека консензус ќе биде потребен и за темата на дневен ред. Расправањето по извештајот на народниот правобранител за правична застапеност и недискриминација очигледно беше единствената можност да се дојде до кворум но претставниците на заедниците не пропуштија да го потсетат претседателот дека за расправање останаа многу пожешки теми како што се проектот Скопје 2014, македонскиот јазик за првачињата Албанци , двојната евиденција во образованието или патните исправи.
Господине претседателе ние би сакале тука да ги опфатите и другите теми, кои што беа доста проблематични. Теми кои што создадоа незадоволство било кај граѓаните, или национално незадоволство

„Господине претседателе ние би сакале тука да ги опфатите и другите теми, кои што беа доста проблематични. Теми кои што создадоа незадоволство било кај граѓаните, или национално незадоволство“, рече пратеникот Бесим Догани.

Дополнување на дневниот ред побара и пратеникот од СДСМ, Никола Ќурчиев. Претседателот Џевад Адеми рече дека овие седници не се завршени и негова одговорност е да го направи тоа но повикувајќи се на законот образложи дека ова е нова седница а не продолжение на претходните и којашто ќе овозможи да се отпочне дебатата.

„Терминот, местото и часот за одржување на седницата, како и дневниот ред за одржување на седницата го предлага претседателот на Комитетот.“

Претставникот на српската заедница, Иван Стоиљковиќ рече дека бројното присуство на новинарите и на членовите на комитетот денеска е резултат којшто сакале да го постигнат малите заедници за да го привлечат вниманието на јавноста на темите од нивен интерес според нив редовно запоставувани. Особено поврзани со нивната пропорционална застапеност во
Терминот, местото и часот за одржување на седницата, како и дневниот ред за одржување на седницата го предлага претседателот на Комитетот
институциите.

„Комитетот не може еднострано или онака како што претседателот на Комитетот замислил да си ги спроведува работите.“

Претходно, претседателот Адеми фрли сомнеж на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека со своето отсуство ја блокирале работата на комитетот одбегнувајќи ги жешките теми што повикуѕваќи се на листите на своите присуства повеќето од овие пратеници го отфрлија. Дали како што рече Адеми комитетот ќе стане жртва на политиканстки игри и ќе се блокира повторно кога ќе бидат вратени жешките теми на дневен ред, останува да се види. Ова одблокирање сега можеше да биде постѕигнато дури откако интервенираа меѓународните претставници во земјава амбасадорите на ОБСЕ и на ЕУ како и на американскиот амбасадор Филип Рикер.


XS
SM
MD
LG