Достапни линкови

Во четврток во Брисел средба Груевски - Папандреу


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски в четврток на маргините на Самитот на Европскиот Совет во Брисел ќе оствари средба со премиерот на Република Грција Јоргос Папандреу. Средбата, како што информира владината прес-служба, е во насока на подобрување на односите меѓу двете земји, и е дел од напорите во функција на процесот кој се води под покровителство на Обединетите нации за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името.
XS
SM
MD
LG