Достапни линкови

Албанија без решение за политичката криза


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој доцна попладнево се очекува да допатува во Тирана, ќе биде пречекан без постигнат консензус за надминување на политичката криза, што од албанските власти го побара пред два дена.Како што јави МИА од Тирана, од досегашните дискусии на пратениците од двата политички блока во собраниската седница, околу истрагата на изборите и отворањето на гласачките кутии, произлегува дека тие се далеку од постигнување консензус. Меѓународните фактори побараа политички консензус до 18 март, со цел земјата да излезе од повеќемесечната криза во која западна по ланските парламентани избори.
XS
SM
MD
LG