Достапни линкови

Во Турција обвинети нови 33 лица за заговор против владата


Турските власти подигнаа обвиненија против 33 лица во врска со заговор за дестабилизација на Турција и симнување од власт на про-исламската Влада. Тие се обвинети за планирање на убиства на видни членови на христијанското и еврејското малцинство во Турција и други напади во чуствтвителни сфери со цел да се предизвикал хаос и да паднела Владата, јавуваат локалните медиуми.
Меѓу обвинетите има тројца пензионирани или активни адмирали и десетина други лица од армијата.
Против стотици цивили, пензионирани или активни офицери се води процес во врска со друг заговор против Владата. Турција неодамна приведе и подигна обвиненија против други 40 офицери за подготвување преврат.
XS
SM
MD
LG