Достапни линкови

Израел го отфрли повикот на четворката за Блискиот Исток


Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман денеска го отфрли повикот на меѓународната четврока за Блискиот Исток Израел да го прекине градењето населби на Западниот Брег и во рок од 24 месеци да постигне спогодба со палестинците. ,,Не можат вештачки да ни се наметнуваат решенија и нереални рокови,, изјавил Либерман на еден денешен собир во Брисел. Во меѓународната четворка се Русија, Соединетите држави, Европската унија и Обединетите нации и тие денеска имаа средба во Москва.
XS
SM
MD
LG