Достапни линкови

За Ерусалим треба да се преговара


Бан Ки Мун и Сергеј Лавров на прес конференција во Москва

Бан Ки Мун и Сергеј Лавров на прес конференција во Москва

Меѓународните преговарачи за Блискиот исток денеска во Москва го повикаа Израел да ја „замрзне“ активноста околу изградбата на населби додека тие се обидуваат да го покренат преговарачкиот процес со палестинците. Меѓународниот Квартет заседаваше во Москва.

Овој повик е упатен од денешниот состанок во Москва на Четворката за Блискиот исток на кој присуствуваат Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Клинтон и Лавров и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

„Квартетот ургира владата на Израел да ги замрзне активностите околу изградбата на населби и да се воздржи од уништување во источен Ерусалим.“ изјави Бан Ки Мун кој додаде и дека очекува израелско палестински договор во рок да се постигне во рок од две години.

Според првиот човек на Светската Организација, ни една страна не треба да превзема унилатерални акции во Источен Ерусалим.

Анексијата на Источен Ерусалим не е меѓународно призната. Стаусот на Ерусалим е прашање кое мора да се реши низ преговори ...


„Анексијата на источен Ерусалим не е меѓународно призната. Квартетот нагласува дека статусот на Ерусалим е постојано прашање, кое мора да се реши низ преговори меѓу страните и затоа ги осудуваме плановите на владата на Израел да гради нови домови во источен Ерусалим.“

Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, во предвечерието на оваа средба го информирал Вашингтон за новите мерки за доверба по тензиите во источен Ерусалим како последица на најавата за изградба на нови домови за израелците. Стејт Департментот најави и дека специјалниот американски пратеник Џорџ Мичел викендов ќе го посети регионот и ќе разговара со израелскиот премиер Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абаз.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG