Достапни линкови

Турски авиони во обид да пресретнат хеликоптер на ЕУ


Грчкото министерство за одбара денеска соопшти дека два турски авиона се обиделе да пресретнат хеликоптер на европската агенција за надгледување на границите, Фронтекс додека патролирал во југоисточниот дел на Егејско море. Во соопштението се додава дека турските авиони се повлекле откако на тоа место стигнале два грчки авиона од типот Еф 16. Грција ја обвинува Турција дека го игнорира транзитот на имигранти и оти не ја почитува спогодбата за реадмисија.
XS
SM
MD
LG