Достапни линкови

Заедно кон ЕУ - Конференција во сенка на српското одбивање на Косово


Утре на Брдо кај Крањ ќе биде одржана регионалната конференција насловена „Заедно кон Европската унија: Придонесот на Западниот Балкан кон европската иднина“, иницирана од премиерите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Јадранка Косор.
На конференцијата на која е најавено учеството на шефови на држави или влади од земјите од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати, ќе учествува и Македонија. Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Никола Груевски, а ќе го придружуваат вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.
Засега неизвесно е учеството на српскиот претседател Борис Тадиќ, поради што се оценува дека на одржувањето на првиот европско-балкански самит, му се заканува неуспех. Тадиќ одбива да учествува на самит на кој Косово ќе биде присутно како суверена држава. Поради неговото отсуство и Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј најави дека би можел да го откаже своето учество.
XS
SM
MD
LG