Достапни линкови

Грчките банкарски филијали на Балканот под притисок


Стравувањата дека грчките банки можат да ги повлечат своите ликвидни активи од балканските филијали, се намалуваат со намалувањето на стравувањата околу евентуалната платежна неспособност на Грција, пишува „Фајненшл тајмс“. Весникот напоменува дека сепак должничката криза во Грција претставува опасност за опстанокот на грчките банки, кои до пред помалку од две години со брзо темпо ги ширеа своите активности на Балканот. Опасноста се состои во тоа што грчките банки се подложени на се поголем притисок и се помалку ги финансираат своите филијали во Југоисточна Европа, изјави Нил Ширинг од „Кепитал економикс“.
XS
SM
MD
LG