Достапни линкови

Во Бугарија заострено одгледување генетски модифицирана храна


Бугарскиот Парламент го прифати заострувањето на законот за генетски модифицираните организми, со што практично е забрането одгледување на генетски изменети растенија за научни и комерцијални цели.
Во Бугарија нема да имаме ниту една нива на која ќе се одгледува генетски модифицирана култура, изјави Костадин Јазов од владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија.
Невладините организации, земјоделците и обичните граѓани речиси два месеци протестираа против првоботниот план на Владата целосната забрана на генетски модифицираните култури да ја замени со издавање лиценца за нивно контролирано одгледување. Тие сметаа дека со тоа би се отворила можноста бугарските полиња постепено да бидат преплавени од генетски модифицирани посеви.
XS
SM
MD
LG