Достапни линкови

Состанок на „Четворката“ за Блискиот Исток во Москва


Во Москва денеска ќе биде одржан состанокот на Четворката за Блискиот исток, на кој ќе присуствуваат Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Клинтон и Лавров и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Тие ќе го разгледаат последниот развој на настаните околу мировниот процес меѓу Израел и Палестинците. Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху, пак во предвечерието на оваа средба, го информирал Вашингтон за новите мерки за доверба по тензиите во источен Ерусалим како последица на најавата за изградба на нови домови за израелците. Стејт Департментот најави и дека специјалниот американски пратеник Џорџ Мичел викендов ќе го посети регионот и ќе разговара со израелскиот Премиер Нетанјаху и Палестинскиот Претседател Махмуд Абаз.
XS
SM
MD
LG