Достапни линкови

Филе во Албанија и Косово


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе ја посети Албанија, со што ја завршува посетата на регионот. Тој ќе престојува и во Приштина, каде што ќе разговара со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, а на разговорите ќе присуствува и министерот за надворешни работи Скендер Хисени. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера беше во Сараево и во Подгорица. Во Сараево на средбите со официјалните претствници на БиХ беше оценето дека земјата направила напредок во исполнувањето на условите за либерализација на визниот режим и оти е важно тој процес да се забрза, а во Подгорица Филе предупреди дека претстојниот процес на европските интеграции за Црна Гора ќе биде исполнет со повеќе барања и со повеќе предизвици.
XS
SM
MD
LG