Достапни линкови

Клинтон ја завршува посетата на Москва


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја завршува посетата на Москва со разговори со рускиот премиер Владимир Путин. Дискусииите се очекува да бидат фокусирани врз новиот договор за намалување на нуклеарното вооружување, што, како што рече Клинтон, двете страни треба да го потпишат наскоро. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, кој исто така е во Москва, ги повика САД и Русија да го потпишат договорот што е можно поскоро. Клинтон и Бан исто така ќе присуствуваат и на состанокот на Четворката за Блискиот исток, на кој, освен нив и домаќинот- шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG