Достапни линкови

Неизвесно е присуството на Тадиќ и Ромпуј на престојниот регионален самит


Се уште е неизвесно доаѓањето на претседавачот со Европскиот Совет Херман Вон Ромпуј на конференцијата за Западнен Балкан на Брдо кај Крањ која ја организираат Словенија и Хрватска.Денеска словенечкиот премиер Борут Пахор по средбата во Брисел со Ромпуј пред новинарите изјави „ Утре е нов Ден“ без да одговори каков бил исходот од состанокот.Српскиот претседател Борус Тадиќ денеска претходно го повтори ставот дека ќе дојде на самитот само ако Косово се именува според резолуцијата на Обединетите Нации, како што вели тој на начин на кој нема да се доведе во прашање интегритетот на Србија. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави денеска дека делагацијата што ќе присуствува на конференцијата треба да биде третирана рамноправно со сите други држави од регионот .

XS
SM
MD
LG