Достапни линкови

Друцас:Идеите на Нимиц можат да бидат прифатливи за Грција


Заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас изјави дека предлозите што ги дава медијаторот на Обединетите Нации, Метју Нимиц се движат во правец кој би можел да биде прифатлив за Грција.Друцас ги дематираше шпекулациите дека постои америкаснки предлог за името и она што е е разговарано на средбите на премиерот Папандреу со претседателот на САД и државниот секретар Хилари Клинтон, посочува, била грчката позиција, односно име со географска одредница за севкупна употреба. Toj додаде дека Американците покажале разбирање за грчкиот пристап и очекува да извршат пристисок врз властите во Скопје „да покажат конструктивност и да придонесат за изнаоѓање конструктивно решение“.

XS
SM
MD
LG