Достапни линкови

logo-print

Клинтон во Москва на разговори за нуклеарно разоружување


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги започна дво-дневните разговори во Москва со руските претставници за новиот договор за намалување на нуклеарното оружје. На средбите ќе стане збор и за мировниот процес на Блискиот Исток, како и за иранската нуклеарна програма. Денеска Клинтон има средба со нејзиниот домаќин, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а утре со претседателот Дмитриј Медведев. Американскиот потсекретар Вилијам Барнс, кој е во придружба на Клинтон, изјави дека Москва и Вашингтон постигнале значаен напредок во преговорите за договорот за редукција на нуклеарното оружје, но оти сеуште не е јасно кога ќе биде потпишан.
XS
SM
MD
LG