Достапни линкови

ОБСЕ со повик за почит кон Комитетот за односи меѓу заедниците


Функционален Собраниски Комитет за односи меѓу заедниците ќе биде можен чекор напред за создавање добри односи и за намалување на недоразбирањата. Oва се вели во писмената изјава на ОБСЕ за Радио Слободна Европа по повод неколкуте неодржани состаноци на Комитетот за односи меѓу заедниците на Собранието на Македонија. „Создаден со Охридскиот рамковен договор, овој Комитет беше предвиден да биде главен форум за дијалог меѓу заедниците. Жално е што овој Комитет не може да се состане во последните четири сесии, се вели во изјавата на ОБСЕ . Организацијата за безбедност и соработка ги повика сите страни да покажат почит кон ова тело и да го користат како што е и предвидено, за дискусија по клучните прашања кои можат да имаат ефект врз меѓуетничките односи.
XS
SM
MD
LG