Достапни линкови

Грција бара политичка подршка, но и поволни кредити, изјави Папандреу


Грција не бара пари од Германците, Французите, Италијанците или од другите работници и даночни обврзници. На Грција и треба силна политичка подршка за да ги спроведе неопходните реформи за излез од финансиската криза. Ова денеска го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во обраќањето во Европскиот парламент во Брисел, сепак додавајќи дека на Грција и требаат кредити по поповолни каматни стапки, какви што добиле други европски земји.
XS
SM
MD
LG