Достапни линкови

Јеремиќ со благодарност до неврзаните што не го признале Косово


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска им се заблагодари на земјите членки од Движењето на неврзаните што не го признале Косово. На состанокот на движењето во Манила, Јеремиќ истакна дека 80 насто од членките на неврзаните не ја признале косовската независност. Инаку, досега Косово го признаа 63 држави, вклучувајки ги и Соединетите Држави и повеќето челнки на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG