Достапни линкови

Простен долг на Авганистан вреден 1,6 милијарди долари


Париски клуб на 19 земји кредитори и ги прости сите долгови на Авганистан кон земјите членки на клубот. Американскиот заменик министер за финансии, Нил Волин, го поздрави договорот истакнувајќи дека достигнувањата на Авганистан се рефлектираат во меѓународната заедница.Тој додаде дека укинувањето на долгот ќе му помогне на Авганистан да воспостави економска одржливост. Со договорот на Авганистан не треба да ги врати 1,6-те милијарди долари кои им ги должи на Меѓународниот монетарниот фонд, на Светската банка, Парискиот клуб како и на други доверители.
XS
SM
MD
LG