Достапни линкови

Воена вежба на НАТО ја налути Русија


Воени авиони на НАТО денеска прелетаа над балтичките држави како дел од најавена воена вежба која ја налути Русија, пренесуваат новинските агенции. НАТО соопшти дека прелетот над Литванија, Естонија и Латвија е дел од вежба со кој се демонстрира посветеност на алијансата на колективната безбедност. Рускиот амбасадор Дмитриј Рогозин во Брисел пред еден месец ги критикуваше плановите за прелет над балтичките земји, истакнувајќи дека со такви вежби се „создава загриженост во Русија“.
XS
SM
MD
LG