Достапни линкови

Протерување на Ерменците кои работат во Турција?


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера илјадници Ерменци од земјата ако продолжат тензиите околу масовното убивање на еременците за време на Отоманската Империја. Тој додаде дека последните декларации на шведскиот парламент и на еден од комитетите на американскиот Конгрес дека станува збор геноцид врз Ерменците би можело да ги поткопа напорите за помирување меѓу Турција и Ерменија. Според Ердоган, во Турција во моментов работат околу 100 илјади Ерменци.
XS
SM
MD
LG